(Фото) Инцидент во бугарскиот Парламент: Пратениците на Костадинов ја опколија говорницата, за малку немаше тепачка!
Скандал во бугарскиот Парламент. Пратениците од „Преродба“ на Костадин Костадинов се обидоа да го запрат второто читање за прекин на концесијата на пристаништето Розенец.
Причина за скандалот е одбивањето на претседавачот Росица Кирова да му даде збор на Николај Дренчев од „Преродба“ за постапката. Наместо тоа, таа го покани Хамид Хамид од ДПС да го прочита извештајот на економската комисија за раскинувањето на концесијата на Лукоил. Хамид почнал да чита, но пратеници од „Преродба“ ја опколија говорницата и се обидоа да го прекинат.

Пред тоа луѓето на Костадинов негодуваа што Росица Кирова дозволи прекин на концесијата на второ читање и не ги земаа предвид зборовите на Цончо Ганев дека „Преродба“ има намера да направи промени меѓу првото и второто читање.
„Излези, ништо нема да прочиташ“, „Сакаме процедура“, „Престани да зборуваш“, извикуваа пратениците на Костадинов. Росица Кирова се обиде да ги смири, но безуспешно. „Ве молам да седнете. Веднаш по господинот Хамид ќе му дадам збор на господинот Дренчев за постапката“, најави таа неколку пати, но пратениците се собраа околу говорницата и за малку не настана поголем инцидент.
Хамид Хамид продолжи да чита, но ништо не можеше да се слушне и да се разбере бидејќи пратениците од „Преродба“ постојано викаа. На крајот Хамид го прочита извештајот, но тој не ги увери луѓето на Костадинов. „Бугарија ја претворате во пародија , изјави тој.
Потоа следуваше пауза од 15 минути за да се смири ситуацијата во Парламентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…
САД констатираа дека Бугарија не се бори…
Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…
Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…
Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…
100 килограми кокаин запленети на влезот во…
Со „огромен удар врз трговијата со дрога“…
Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…