Објавено на:

Членка на НАТО има територијални претензии кон Украина?

t

Рускиот претседател Владимир Путин по состанокот кој го одржа со членовите на рускиот Совет за безбедност,  ја обвини членката на НАТО- Полска дека планира да окупира дел од Украина.

„Што се однесува до полските лидери, тие веројатно очекуваат да формираат некаква коалиција под покровителство на НАТО и директно да интервенираат во конфликтот во Украина, за потоа да си откинат подебело парче за себе, за да си ги вратат, како што веруваат, нивните историски територии – денешна западна Украина“, рече Путин, а пренесува „Гардијан“.

Според Би-Би-Си, Путин не ја образложил конкретно неговата изјава во врска со наводите за полски намери. Тој претходно се повика на идејата за територијални „подароци“ од советските власти за да ја оправда руската анексија на Крим.

Минатата недела портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во интервју за Ал Џезира изјави дека „очигледна е желбата на Полска да го нападне западниот дел на Украина“, и затоа Украина не беше поканета во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…