Орбан жестоко ја нападна ЕУ: ЛГБТ офанзива и застапување на федерализам
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повторно ја нападна Европската унија, овој пат за водењето на „ЛГБТК офанзивата“ и застапувањето на федерализмот, нагласувајќи дека Будимпешта ќе ги зачува христијанските корени на земјата.
Во говорот во Романија, Орбан, долгогодишен критичар на Брисел, рече дека се надева оти европските избори следната година ќе ги зајакнат владите што се спротивставуваат на „федерализмот“ за кој се залагаат Германија и Франција.
На власт од 2010 година, Орбан пред две години забрани содржини за кои верува дека промовираат хомосексуалност и промена на полот во училиштата, тврдејќи дека децата треба да бидат заштитени од „ЛГБТК пропаганда“.
Унгарскиот премиер се судри и со Брисел за други прашања како владеењето на правото, реформите во медиумите и судството. ЕУ е „или империја или (индивидуални) нации“, рече Орбан. „Не смееме да имаме илузии. Федералистите се обидуваат да не истиснат. Тие отворено сакаа промена на власта во Унгарија во 2022 година“, тврди Орбан, додавајќи дека тоа сега се повторува и во Полска.
Полјаците ќе излезат на есен, каде конзервативната партија Право и Правда (ПиС) ќе се обиде да освои трет мандат. ПиС усвои бројни мерки слични на Фидес на Орбан, а двете земји се судрија околу владеењето на правото со Брисел, што доведе до суспензија на дел од европските фондови.
Орбан смета дека рамнотежата меѓу федералистите и државите кои не сакаат да му предадат дополнителни овластувања на Брисел се променила кога Велика Британија излезе од ЕУ, па сега само Варшава и Будимпешта одржуваат „антифедералистичка позиција“.
Орбан ја засили анти-ЛГБТ реториката во време кога Унгарија се справува со економски проблеми и висока инфлација, која беше 25 отсто во првиот квартал од годината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…
Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…
Заменик претседателот на Владата и министер за…
Муцунски: Се заблагодарив за брзата реакција од…
Поддршка од Унгарија за справување со пожарите.…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…