Прогнози: Кога ЕУ ќе ги укине казнените мерки за Косово?
Аналитичарката Арта Тахири-Беќа смета дека Европската унија ќе ги укине казнените мерки против Косово откако ќе се одржат избори во четири општини на северот, пренесува Теве 1. Тахири-Беќа вели дека дијалогот меѓу Србија и Косово сега треба да продолжи во Брисел.
„Во моментот кога ќе се одреди датумот на вонредните избори во Северна Митровица, тогаш мерките ќе бидат укинати. Тие мерки мора да се повлечат, дијалогот и Бриселскиот договор мора да продолжат. Претерано е илузијата да се мисли дека ќе има конечна договор меѓу Косово и Србија“, рече таа
Косовскиот вицепремиер Бесник Бисљими, претходно на прес-конференција во Приштина, рече дека Косово не треба да распишува избори во северните општини без да ги укине казнените мерки воведени од Европската унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…
Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…
Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…