Објавено на:

(Фото) ГОТВАЧОТ НА ПУТИН „ИЗНИКНА“ НА САМИТОТ НА ЖИТОТО: Пригожин се ракуваше со службеник од африканска земја

t

На маргините на самитот на кој рускиот претседател Владимир Путин им вети бесплатно жито за шест месеци на неколку африкански земји ненадејно се појави неговиот доскорешен готвач, бунтовник и ривал – Евгениј Пригожин. Пригожин во Санкт Петербург беше виден како се ракува со африкански функционер, а според Си-Ен-Ен средбата се случила на маргините на самитот.

Од Си-Ен-ЕН не можеле да го идентификуваат службеникот, но тој носел лента што одговарала на оние што ја носеле другите официјални лица на самитот.

Ова е прв пат Пригожин, кој е инаку главен финансиер на платениците „Вагнер“ да биде виден во јавноста во Русија откако тој го предводеше вооружениот бунт минатиот месец. Претходно се шпекулираше дека тој бил виден на 19 јули, кога на социјалните мрежи искружи видео во кое тој наводно престојува во базата Асиповиќ во Белорусија.

Директорот на ЦИА Бил Барнс подоцна потврди дека основачот на „Вагнер“ бил во Минск.

– Пригожин малку се пресли. Мислам дека тој е во Минск во последно време. Не сум сигурен дали планира да се пензионира во предградието на Минск, но некое време беше и во Русија – изјави Барнс на безбедносниот форум во Аспен.

На отворањето самитот Русија-Африка рускиот лидер Владимир Путин обзнани дека на Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканска Република и на Еритреја ќе им доставува до 50.000 тони житарки месечно бесплатно во следните шест месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ СОПСТВЕНАТА БАБА:…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…

Лавров пред ОН: Русија нема да направи…

Русија нема да прави „пауза“ во војната…

Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…

САД го одбиле иранското барање за укинување…

Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…

Дата центрите не се мистериозни постројки што…

Вработени кои се на боледување се сликаат…

Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…