Борел: Србија се приклучи на европските санкции кон Сирија
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска соопшти дека Србија се приклучила на одлуката на Советот на ЕУ со која се продолжија рестриктивните мерки против Сирија.
Како што се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ, со оваа одлука се продолжува „хуманитарното ослободување“ што беше воведено на 23 февруари 2023 година, а кое се однесува на претходно донесени рестриктивни мерки.
Се додава дека одлуката ја прифатиле сите земји кандидати за членство во Европската унија, вклучително и Србија, како и Грузија, Лихтенштајн и Норвешка.
„Европската унија ја забележува оваа посветеност и ја поздравува“, рече високиот претставник на ЕУ, додавајќи дека тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат усогласени со оваа одлука на Советот, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…