Фондацијата на Заев го помага издавањето на “Преспа”, весникот на Македонците во Албанија

t

Фондацијата на поранешниот премиер Зоран Заев помага во издавањето на весникот на Македонците во Албанија, “Преспа”.

-Чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик. Преку нашата Фондација го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија.

Го помагаме информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик. Го афирмираме македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и придонесуваме кон унапредување на правата на македонската дијаспора. – објави Заев на Фејсбук и сподели линк од објавата на фондацијата.

-Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, поаѓајќи од своите цели и начела, покрај активностите од своите програмски определби кои се однесуваат на ангажмани од хуманитарно-добротворен карактер, ги поддржува и активностите кои се во функција на зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик и култура во земјава, па и надвор од неа.

Деновиве логото на фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ се најде на насловната страна на најновиот (јулски) број на „Преспа“ – весник на заедницата на Македонците во Албанија, како сведоштво за поддршката на нашата фондацијата за понатамошното редовно излегување на овој весник.

На тој начин, фондацијата го помага информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик, а со тоа и активностите на заедницата на Македонците во нашиот западен сосед, кои се во функција на афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет, како и унапредувањето на нивните положби и права. – стои во нивното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во голема полициска акција во Албанија запленет…

 Во голема полициска акција, во содејство со…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Криеле ДРОГА ВО ОБЛИК НА ЧОКОЛАДО: Во…

Албанската полиција објави детали околу акцијата во…

Рама: Албанија нема претензии кон Грција

Албанија нема претензии кон Грција, рече премиерот…

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…