Путин испратил писмо до севернокорејскиот лидер, целиот свет се плаши од одговорот
Рускиот претседател Владимир Путин по секоја цена се обидува да ги зајакне врските со другите сојузници, откако дојде до одредено заладување на односите со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Оваа теза ја потврдува и неговиот последен потег – одлуката да испрати писмо со мистериозна содржина до севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, а преку првиот човек на руската одбрана – министерот Сергеј Шојгу, кој неодамна пристигна во Северна Кореја со јасна мисија. Имено, Шојгу одржал средба со претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, а како што пренесуваат медиумите тие биле срдечни еден кон друг во текот на целата средба, анализира nova.rs.
„За време на разговорите тие потсетија на длабоката историја на пријателството меѓу двете земји и разговараа за прашања од заеднички интерес во областа на националната одбрана и безбедност“, јави севернокорејското радио „Гласот на Кореја“.
Истите медиуми објавија дека Шојгу на Ким му предал писмо од рускиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…