Објавено на:

Бугарските навивачи кои беа уапсени ќе платат само казни? Се очекува да бидат ослободени

t

Се очекува дел од Бугарите кои беа приведени во Скопје на фудбалскиот натпревар меѓу екипите „Левски-Софија“ и „Шкупи“ да бидат ослободени од притвор.

За БНР, еден од бугарските навивачи, близок до уапсените, објаснил:

„На момците ќе им се суди по брза постапка, по што се очекува да платат административни казни и се надеваме дека ќе бидат ослободени. Тие беа уапсени надвор од стадионот апсолутно самоволно без да преземат ништо и се надеваме дека наскоро ќе бидат ослободени. Бугарските власти се обидоа да помогнат“.

Претходно, МВР соопшти дека се приведени 19 навивачи на „Левски“ и двајца на „Шкупи“ поради нарушување на јавниот ред и мир.

На снимките кои беа објавени од стадионот можеше да се види дека навивачите ја напаѓаат македонската полиција, по што полицајците ги приведуваат лицата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанец уапсен на Деве Баир

Албанец уапсен на еден македонски граничен премин. …

Уапсени 40 припадници на Исламска држава во…

Повеќе од 40 лица се приведени во…

Голема акција за апсење во Краљево, буџетот…

Во Краљево денеска се уапсени 15 лица,…

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПРИВЕДЕН ВО КОСОВО: Била распишана…

Во Косово е приведен државјанин на Република…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…