Просечната плата во Србија до 2025 година ќе биде 1.024 евра
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска во гостување на ТВ Прва изјави дека просечната плата во Србија во 2025 година ќе биде 1.024 евра, а во Белград околу 1.200 евра и повеќе.
Според него, просечната плата во Србија била 331 евро, сега според податоците за месец мај е 735 евра, додека во Белград во 2012 година била 452 евра, а денес е 931 евро.
„Пред крајот на годината, во декември, ќе имаме просечна плата од 840 евра, а до крајот на 2024 година во Србија 927 евра. Дали разбирате што значи тоа, во однос на 331 евро? И цело време курсот на динарот во однос на еврото е стабилен“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека бројот на градинки во главниот град се зголемил од 276 во 2013 година на 731. Тој кажа и дека имаме 23 милијарди евра девизни резерви, како и 38,5 тони злато и дека тие постојано растат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Газдата на „Алта банка“ е приведен во…
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…
Уште еден висок полициски функционер во Србија…
Шефот на Службата за борба против организиран…