Скандал во Иран: Маж кој проповеда побожност и употреба на хиџаб “уловен” во “недозволени активности” со маж
Ирански функционер одговорен за промовирање на исламските вредности беше суспендиран од своите должности откако се појави видеото на кое се гледа како има секс со друг маж.
На видеото објавено на интернет, наводно, се гледа шефот на одделот за култура и исламско водство во провинцијата Гилан, Реза Цагати. Тој е основач на културен центар кој се фокусира на побожноста и употребата на хиџаб.
Автентичноста на видеото, кое прво беше поставено на алтернативен канал на Телеграм, не е потврдена, јавува Би-Би-Си .
По откритијата, Цагати беше сменет од функцијата и властите спроведуваат истрага.
Во обидот на владата да се дистанцира од ова прашање, нејзиниот министер за култура рече дека немало негативни извештаи за Цагати пред објавувањето на видеото.
Иранските власти првично молчеа откако видеото се појави на социјалните мрежи.
Конечно, одделот за културни и исламски насоки на Гилан издаде соопштение на 22 јули, наведувајќи ја „сомнителната грешка на директорот на исламското водство“ во покраината. Случајот е препратен „на внимателно испитување“ до правосудните органи.
Хомосексуалноста е нелегална во Иран и ЛГБТИ луѓето се изложени на ризик од малтретирање, злоупотреба, па дури и насилство.
Според иранскиот закон, кој се заснова на шеријатот, истополовите врски се сметаат за злосторства што носат максимална смртна казна, која, сепак, ретко се користела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…
Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…
Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…
Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…
Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…
Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…
Трамп му се закани на Иран: Ако…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…
Израелската војска ги предупредува Иранците да ги…
Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани…