Тешка сообраќајна несреќа на патот Дебар-Жировница: Повредени се десет лица!
Тешка сообраќајна несреќа се случила, доцна попладнево во близина на дебарското село Долно Косоврасти, на делницата Дебар-Жировница, патен правец Дебар-Маврово.
Во судар на три возила повредени се десет лица, но за среќа сите се вон животна опасност.
-Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата има скршени ребра, останатите се со помали повреди. Во тек е нивно соодветно згрижување. Според првите проценки, нема потреба за нивен транспорт во други институции, рече за МИА, Исмаилаки Клења, ортопед при Општата болница во Дебар.
Едно возило е со битолски, едно со скопски и едно со словенечки регистарски ознаки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…