Локализирани пожарите кај Неготино и Демир Капија
Ставен е под контрола пожарот кај Неготино, информираше вечерва директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. На пожарот интервенираа пожарникари од Неготино и Кавадарци, а во гаснењето се вклучија и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР.
„Бидејќи немаше потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, хеликоптер на МВР со ведро од еден тон во два наврати прецизно дејствуваше врз пожарот во боровата т.н. Гоцева Шума во непосредна близина на Неготино, каде во моментов силниот пожар од страна на територијалните противпожарни единици од Неготино и Кавадарци е ставен под контрола“, појасни Ангелов.
Тој додаде дека се очекува и третиот налет на хеликоптерот на МВР, после што леталото ќе се повлече во неговата база.
Од ЦУК додаваат дека вториот хеликоптер на МВР со ведро (бунар) од три тона дејствувал во три наврати врз пожарот во месноста Мал Раковец во Демир Капија, со што пожарот благодарение на територијалната против пожарна единица и хеликоптерот е локализиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…