Објавено на:

(Видео) Документи од руски министерства по улиците на Москва по украинскиот напад со дронови

t

Три министрерства ја користеле зградата во Москва, која утрово беше нападната од украински дронови. Документи беа расфрлани по улиците, пишува „Украинска правда“

Според информациите, зградата ја користеле три министерства во земјата Министерството за економски развој, Министерството за индустрија и трговија и Министерството за дигитален развој, а според некои извори вкупно шест институции биле сместени во објектот. Украински дронови утрово при нападот оштетиле две деловни згради. Повреден бил еден чувар, но нападот поминал без жртви.

Официјален Киев сè уште е без коментар по изјавите на руските власти.

Беспилотни летала во повеќе наврати досега ја нападнаа Москва. Пред неколку месеци два дрона ја нападнаа куполата на Сенатскиот дворец во Кремљ. На почетокот на јули неколку беспилотни летала погодија станбени, но и нестанбени згради во Москва.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Москва го протерува британското воено аташе

Одбранбеното аташе на британската амбасада во Москва…

Путин слета во Пекинг

Рускиот претседател Владимир Путин слета во Пекинг…

На Црвениот плоштад во Москва заврши генералната…

На Црвениот плоштад во Москва заврши последната…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…