Страшно: Во Грција во јули имало 1.470 пожари!
Од 1 до 31 јули имавме вкупно 1.470 пожари од кои десет беа големи и со нив се справивме со големи тешкотии и со голем напор, рече министерот за цивилна заштита на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ и најави построги казни за оние кои потпалуваат или подметнуваат пожари.
Кикиљас објасни дека следната сезона ќе биде поразлична, казните ќе бидат десет пати поголеми за потпалувачите, но и за самите граѓани кои имаат законски обврски да го исчистат делот околу нивните куќи.
-За мене превенцијата е поважна од казнувањето. Затоа не зборувам само за оние кои се апсат за подметнување пожар, за небрежност. Зборувам за нова култура која мора да постои во целото грчко општество и е поврзана со начинот на кој ја сакаме нашата земја. Го сакаме нашето село, нашиот остров, нашиот град и како да интервенираме за да го поддржиме севкупниот национален напор што се прави, рече Кикиљас и објасни дека е потребна соодветна обука на сите, за заштита и превенција од пожари.
Додаде дека од друга страна, за оние малкумина кои ги ставаат во опасност животите на луѓето треба да постои поинаков третман, а административните казни на Противпожарната служба да може да ги изрекуваат и грчката полиција и локалната самоуправа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…