Левица: Вечна слава на Илинден и АСНОМ! Срт на фашизмот, слобода на народот!

t

ВЕЧНА СЛАВА НА ИЛИНДЕН И АСНОМ! – честитка од политичката партија Левица по повод големиот верски и национален празник.

-Вековниот стремеж и безрезервната борба на македонскиот народ за своја Држава се издигнал над материјалните околности кои го потиснувале низ двата Илиндена – оној во 1903 година и во 1944 година.

На првиот Илинден преку востание трасиран е патот кој ќе доведе до тоа на вториот Илинден преку народна револуција македонскиот народ меѓународно да се етаблира како еднаков со сите светски народи и со ексклузивно право да ја избира сопствената судбина во сопствена Држава.

Денес, на 120 години од Илинденското востание, и 79 години од Првото заседание на АСНОМ низ историски ревизионизам се извртуваат вистините за овие историски настани, минимизирајќи ги жртвите на генерациите на македонски револуционери кои положувајќи ги своите животи го ртат никулецот на Слободата на Македонија!

Како и претходно, така и сега, поривот за Слобода кој е содржан во националната свест на Македонците, неминовно ќе се ослободи од оковите на денешницата во кои пробуваат да ја поробат домашните предавници и великодржавните апетити наспроти Република Македонија.

Вечна слава на Илинден и АСНОМ!

Смрт на фашизмот – слобода за народот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Втори август е славен датум за нашата…

Република Бугарија останува решена да работи на…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Сиљановска од Пелинце го честита Илинден со…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…