Путин им нареди на руските функционери да возат домашни автомобили
Сите руски функционери треба да се префрлат на користење на домашни автомобили, тоа ќе овозможи подобрување на квалитетот на руските производи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Рускиот лидер објасни дека министерствата, секторите и управите испратиле барање да се продолжи со набавката, да се стави акцент на автомобилите од странско производство и да се прошири таквата практика.
„Одговорив дека тоа апсолутно мора да се исклучи и дека сите функционери мора да возат домашни автомобили“, рече Путин на состанокот со шефовите на производствените компании.
Тој додаде дека ќе бидат нешто поскромни возила од претходно, но ништо страшно, напротив, дури е добро.
„Нашите службеници треба да разберат дека мора да се стремиме кон развој на национални брендови, домашни автомобили и други руски производи. Подобрувањето на квалитетот на животот мора да биде првенствено насочено кон тоа“, рече Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бонус прашање за Николоски: Дали тој или…
Претседателот Стево Пендаровски и сопругата со години…
Еве што смеат, а што не функционерите…
Во пресрет на претседателските избори на 24…
Функционерските плати и Законот за игрите на…
Собранието денеска ќе го одржи продолжението на…
Платите на функционерите ќе се зголемат до…
Платите на избраните и именувани функционери нема…
Арсовска: Поддржувам да можат да се сменат…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер…