Македонија треба да ѝ врати пари на ЕУ поради злоупотреба на софтвер во Министерството за земјоделство
Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски денеска информира дека има еден случај во неговиот ресор од 2015 година, за кој што има конечна одлука од ревизорите од Брисел. Тој предмет е процесуиран согласно европските правила до Обвинителството за организиран криминал.
Станува збор за проект склучен во 2015 година, за одреден софтвер за Министерството преку ИПА програма, на Европската комисија. Направена е ревизија на Европското биро ОЛАФ. Имаме конечен извештај и Владата го усвои извештајот на предлог на Министерството за финансии и истиот е проследен до останатите институции, согласно сите правила, рече Николовски одговарајќи на новинарско прашање.
Посочениот проект е во вредност 660.000 евра, кои државата сега мора да ги врати.
Трошењето на парите на ЕУ во земјава е под лупа на Европската канцеларија за борба против измами. Во последниве пет години од 36 истраги во земјите од Западен Балкан, половина односно 18 се во Македонија. Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир смета дека луѓето кои што ги злоупотребуваат парите на европските даночни обврзници всушност ги мамат и граѓаните на Македонија. Вели дека ако истрагите на ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…