Објавено на:

Москва: Од почетокот на контраофанзивата, Киев загуби повеќе од 43.000 војници

t

Од почетокот на контраофанзивата, во периодот јуни-јули, Киев загуби над 43.000 војници, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-полковник Игор Конашенко.

Портпаролот прецизира дека оваа бројка не ги вклучува ранетите или евакуирани војници во украинските и странските болници, странските платеници, како и војниците кои биле убиени како резултат на напади со високопрецизно оружје во задните области на фронтот.

Во соопштението се наведува дека Киев од почетокот на „офанзивата“ уништил повеќе од 4,9 илјади единици различно оружје на Вооружените сили на Украина долж контактната линија.

По должината на контактната линија се уништени 26 авиони, 9 хеликоптери, 1.831 тенк и други оклопни возила, од кои 25 германски леопарди, 7 француски тенкови АМХ и 21. американско пешадиско борбено возило Бредли“, нагласи Конашенко.

Покрај тоа, Украина загуби 76 американски артилериски системи М777, 84 самоодни артилериски хаубици од Полска, САД, Франција и Германија за време на 2-месечната контраофанзива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ СОПСТВЕНАТА БАБА:…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…

Лавров пред ОН: Русија нема да направи…

Русија нема да прави „пауза“ во војната…

Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…

САД го одбиле иранското барање за укинување…

Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…

Дата центрите не се мистериозни постројки што…

Вработени кои се на боледување се сликаат…

Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…