За кого се игра фудбалот во Македонија? Пандев им се извини на „Комити“, ФФМ забрани гостински навивачи во Струмица
Утре стартува Првата македонска фудбалска лига, а еден од натпреварите кои ќе се играат е помеѓу Брера Струмица и Вардар.
Вардар најави мобилизација за навивачите во Струмица се најавуваше и поставување на дополнителна гостински трибина, но за жал „Комитите“ нема да можат да присуствуваат на овој натпревар.
На денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар, Горан Пандев се извини во свое име и во име на клубот до „Комитите“ за ситуацијата.
„За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме од ФФМ допис дека не смееме да ги примиме „Комити“ на трибините. Во мое име им се извинувам и во име на клубот. Направивме се што беше во наша моќ, монтиравме и дополнителна трибина за таа намена“, изјави Пандев.
Како и останатите средби од првото коло, Брера и Вардар ќе играат утре од 17:00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…