Мировен самит во Џеда: Без Русија нема решение за Украина
На мировниот самит за Украина што се одржа во саудискиот град Џеда, на брегот на Црвеното Море, учествуваа високи претставници од околу 40 држави, но без претставник на Русија, а средбата заврши по неколкучасовни говори на делегациите и долга дискусија зад затворени врати.
Како што се очекуваше, на средбата не беше објавена завршна декларација, но според неименуван европски извор, договорен е заеднички став за клучните точки, пред сè дека во мировниот договор мора да се почитува „територијалниот интегритет и суверенитет“ на Украина.
На Самитот присуствуваа и претставници на земјите-членки на БРИКС, кои не застанаа зад Украина, но не ја поддржуваат руската инвазија, што почна во февруари 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ СОПСТВЕНАТА БАБА:…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…
Лавров пред ОН: Русија нема да направи…
Русија нема да прави „пауза“ во војната…
Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…
САД го одбиле иранското барање за укинување…
Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…
Дата центрите не се мистериозни постројки што…
Вработени кои се на боледување се сликаат…
Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…