Левица: Само со линеарно зголемување на пензиите ќе се заштитат најсиромашните пензионери

t

Левица изразува поддршка на протестите што беа организирани од страна на пензионерите ширум Македонија.

Овие протести, смета партијата, се одраз на непрекинатата борба за социјална правда на нашите постари сограѓани, кои со години работа наназад придонесувале за државата, а моментално се соочуваат со предизвици во однос на финансиска стабилност и задоволување на основните човекови потреби.

„На 14 август во Скопје, најавен е масовен протест, а нивните барања се минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари. Левица ќе застане рамо до рамо со пензионерите на 14 август во Скопје и ќе ги поддржи во борбата за пристоен живот“, велат од партијата.

Левица уште еднаш ја потврдува својата искрена борба за социјална правда и поддршка за пензионерите со цел достоинствена пензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема скратување на боледувањата, а контролите нема…

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување,…

Албански државјанин почина во Кичево – ќе…

МВР информира дека вчера во 19:40 часот…

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат…

Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат…

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…