Објавено на:

Харадинај до Албанците во Македонија: Не му верувајте на измамникот Курти

t

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“, пренесува Косово онлајн.

Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува за развојот и на Косово и на Македонија.

Харадинај на Фејсбук сподели дека на Косово се блокирани сите патишта и проекти.

„Не му верувајте на измамникот Албин Курти. Сите патишта и проекти се блокирани во Косово, вклучително и Плавскиот пат. Бидејќи веќе не може да ги лаже граѓаните на Косово, дојде да ве лаже вас, зборувајќи за патот Тетово – Призрен. Истото го пробал и во Албанија, но не му поверувале и го избркале. Не потпаѓајте на неговите трикови“, напиша Харадинај на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора…

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора…