Вучиќ и колегите во затворски одела: Петнаесетти протест “Србија против насилство”
Петнаесеттиот протест „Србија против насилството“ се одржа вчера во Белград.
Оваа сабота се пешачеше од Собранието на Србија, преку Теразија, покрај зградата на Претседателството, а потоа по улицата Кнез Милош до зградата на Владата на Србија.
Една од клучните теми на овој протест е вербалното и институционалното насилство во Бачка Паланка, каде граѓаните со денови протестираат по смртта на тринаесетгодишното момче од струен удар од необезбеден кабел.
Протестите „Србија против насилството“ беа организирани по двете масовни убиства што се случија на 3 и 4 мај во Белград и околината на Младеновац, во кои беа убиени вкупно 20 лица, од кои повеќето деца.
Колоната граѓани стигна до зградата на Владата на Србија, каде традиционално се поставуваат кукли во затворски одела.
Изработени се транспаренти „Србија против насилството“ и „Студентите против насилството“.
Се слушаат извици: „Оставка, па затвор“
Граѓаните во колона, минувајќи покрај зградата на Претседателството, извикуваа: „Оди си Вучиќ!“
По обраќањето пред Собранието на Србија започна протестен марш кон Владата на Србија.
Душица Сремчевиќ од Краљево, жртва на насилство, на која бившиот сопруг повторно и се заканувал со смрт откако излегол од затвор каде поминал три месеци бидејќи брутално ја претепал, зборуваше на протестот „Србија против насилството“ во Белград и им порача на претседателот на Србија и на премиерот да се сеќаваат на нејзиното лице, бидејќи нејзиниот живот е во нивни раце.
Да потсетиме, таа неодамна повторно го пријавила бившиот сопруг поради смртните закани кои и ги упатувал иако излегол од затвор, каде што бил бидејќи во октомври брутално ја претепал и ја оставил во бессознание на улица.
На 15-тиот протест „Србија против насилството“ во Белград, насобраните со едноминутно молчење им оддадоа на загинатите во Градачац, Босна и Херцеговина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…
Министерот за надворешни работи на БиХ го…
Министерот за надворешни работи на Босна и…