Давеник исчезна во Дојранското Езеро, екипи трагаат по него
Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне.
Лицето не е пронајдено и е непознато. Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек.
Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1м длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од САЕ Тигар за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Португалија почна нова потрага по девојче…
Португалските и германските власти започнаа нова потрага…
Седми ден се трага по исчезнат човек…
Седми ден од интензивната потрага по исчезнатиот…
Матурант скокнал во Езеро, за среќа полицијата…
Припадниците на Министерството за внатрешни работи во…
Продолжува потрагата по телото на Данка, притвор…
Потрагата по телото на убиената двегодишна Данка…
Петти ден ни трага ни глас од…
Ниту петтата ноќ од потрагата нема јасна…