Македонија меѓу земјите со најниска стапка на вонбрачни деца во Европа
Во Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.
Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Македонија, има во Турција (2,8%) и во Белорусија (13,0%). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 проценти од живородените деца се од родители кои не биле во брак, во Хрватска 23,6, во Србија 30, во Словенија, 57,7, а во Бугарија 59,9 отсто.
Речиси во цела и Западна Европа, поголемиот број од децата биле родени надвор од брак. Процентот на вонбрачни деца е највисок во Исланд (69,4%), во Франција (63,5%) и во Португалија (60,0%).
Во повеќето земји од Источна Европа, тој број е под 30 проценти, а убедливо највисок е во Бугарија (59,9%) и во Чешка (48,5%).
„Ландгеист“ забележува дека продолжува трендот на намалување на стапките на бракови, особено во и Западна Европа, што резултира и со раѓање на бебиња од родители кои не се во брак или во граѓанско партнерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…
Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…
Почина Рускиот амбасадор во САД
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…
Позната компанија во стечај направила штета од…
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…