Објавено на:

Данските борбени авиони пресретнале руски авиони кои тргнале кон територија на НАТО

t

Данското Министерство за одбрана соопшти дека нивните авиони утринава пресретнале руски бомбардери, кои наводно се упатиле кон територијата на НАТО.

Официјални лица рекоа дека данските ловци Ф-16 полетале за да идентификуваат и пресретнат два руски авиони, за кои се верува дека се бомбардери, кои утринава прелетале над Северното Море.

„Руските авиони биле во меѓународниот воздушен простор и во ниту еден момент не влегле во воздушниот простор на Данска“, изјави портпаролот на Министерството.

Наводно, бомбардерите направиле пресврт пред да го нарушат воздушниот простор.

Сепак, останува нејасно зошто руските бомбардери биле толку блиску до Данска, односно на дофат на воздушниот простор на Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…