Арсовска направи политички земјотрес: Поднесена иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ – ќе има улица на Адем Демачи во Скопје кога ќе има улица на Александров во Приштина!
Денес до Советот на град Скопје поднесов иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“, а за која Владата дала согласност за промена.
Ги повикувам сите советници во Советот на град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон повеќе од 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија.
Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци биле токму Албанци, Роми и Власи.
Воедно, силно ја осудувам националистичката реторика и на Косовскиот премиер Албин Курти сакам да му предложам нова иницијатива – во Приштина улица да биде именувана по Македонскиот револуционер Тодор Александров кој своевремено активно соработувал Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС.
За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев.
Фејсбук статус на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…