Објавено на:

Судијка во Струмица му судеше на својот сопруг!

t

Брера Струмица славеше против Воска Спорт со 2-0 во второто коло од Прва лига, но тоа што е необично е дека најверојатно за првпат во историјата на македонскиот, с можеби и во европскиот фудбал, судијка му судеше на својот сопруг.

Четврти судија на натпреварот беше Ирена Велевичковска, која е сопруга на фудбалерот на Брера, Александар Ристевски, објави „Штипски Асови“.

„Судиската четворка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На стартот на сезоната Брера оствари две победи. Среќен сум што играм за овој тим“, кажа Ристевски за „Штипски Асови“.

Екипата од Струмица претходно славеше и во првото коло против Вардар со 1-0.

Фото: Штипски Асови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…