Медведев: Украина ќе треба да се откаже и од Киев, древната престолнина на Русија
Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, ја коментира изјавата на шефот на кабинет на генералниот секретар на НАТО дека Украина може да влезе во Алијансата доколку се откаже од дел од нејзините територии во корист на Русија.
Како и секогаш, Мдведев, во свој стил, даде скандалозна изјава дека Украина ќе треба да се откаже и од Киев.
-Нова идеја за Украина од канцеларијата на Северноатлантската алијанса:
Украина може да влезе во НАТО ако се откаже од спорните територии.
И што? Љубопитен сум з аидејата. Единственото прашање е што сите наводно нивни територии се многу контроверзни. А за да влезат во блокот, киевските власти ќе мора да се откажат дури и од самиот Киев, главниот град на Древна Русија.
Па, тие ќе мора да го преселат главниот град во Лавов, вели Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…