Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

t

Владата на денешната седница ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Претходно, Ахмети на својата страница на Фејсбук информираше дека си поднел оставка.

– Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на оваа функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети, напиша Ахмети.

Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вратени се старите цени на полисите за…

Осигурителните компании денеска ги вратија старите цени…

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа…

Владата на Република Македонија ја разгледа и…

Најавена „минимална пензија“ – Која е состојбата…

Со усогласувањето што оди од јануари, сите…

Прво дебата па покачување на пензиите –…

Најдоцна до следниот месец власта, експертите и…