Објавено на:

„Кориере“: УЕФА донела одлука, догодина во ЛШ ќе игра еден тим од С. Арабија?!

t

Откако пред неполн месец се појавија првите информации дека Европската фудбалска унија (УЕФА) сериозно размислува во новата Лига на шамшиони со 36 екипи и без досегашните групи (ќе има само една група и ќе се игра по швајцарски систем) да внесе екипа од Саудиска Арабија, сѐ поизвесно е дека такво нешто ќе се случи.

Италијански „Кориере дело Спорт“ објави дека во Нион веќе е донесена одлука со реформираната ЛШ да се испрати „специјална позивница“ за еден неевропски клуб, а бидејќи Саудиска Арабија преку моќниот фонд ПИФ притиска да влезе во најпрестижното натпреварување, шанса да игра со најдобрите на Стариот континент најверојатно ќе има Ал Итихад, клубот кој го донесе Карим Бензема.

Всушност оваа одлука да игра Ал Итихад, а не Ал Наср со Кристијано Ронало била поткрепена со спортскиот успех, односно шанса за настап во ЛШ да добие првакот на С. Арабија, а Ал Итихад во завршницата од сезоната дојде до круната во својата земја.

Сепак, ова не е конечно, зашто УЕФА сепак на крај ќе решава за „специјалната позивница“ за која покрај Ал Итихад, конкурира Ал Наср како нов арапски шампион и Ал Хилал кој играше финале на Светското клупско првенство во февруари.

Јасно е дека УЕФА ја интересираат парите, а ова внесување на неевропски клуб дополнително ќе предизвика бура ако навистина се случи, особено што наскоро можно е и мечеви да се преселат во САД, па и финалето во блиска иднина, за што од САД веќе има најави дека сериозно се разговара за периодот после 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Еве како денес изгледа Париз по…

Франција утрово прави преглед на штетите по…

Трагично заврши потрагата по исчезнато лице во…

Трагично заврши потрагата по 87-годишен жител на…

Излезноста во Брвеница до 11 часот е…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Рама ги обвини Иран и Русија дека…

Албанскиот премиер Еди Рама повика на смиреност…