Објавено на:

Жената која била со бугарскиот бизнисмен е во кома и во животна опасност: Два медицински тима се борат за нејзиниот живот

t

На жената повредена во пукањето на Алексеј Петров ќе ѝ биде извршена итна операција. Нејзиниот идентитет се уште не е откриен, но се знае дека има 48 години. Таа претходно била донесена во „Пирогов“ во тешка состојба, јавуваат бугарските медиуми.

Повредената веднаш била пренесена во болницата во Пирогов каде биле извршени детални дијагностички активности. Таа има скршена рака и прострелна рана на подлактицата, а куршумот и поминал низ градите. Во моментов две екипи оперираат на жртвата. 48-годишната жена била интубирана и ставена во медицински индуцирана кома. Нејзиниот живот е во опасност.

Првично, жената била контактна. Доколку се опорави, ќе биде сослушана.

Потсетуваме, Алексеј Петров беше застрелан со пушка во главниот град на Бугарија квартот „Драгалевци“, на патот што води до колибата „Алеко“. Дојавата за пукањето е примена во МВР во 12 часот и 20 минути, а на местото веднаш биле испратени полициски екипи кои пронашле безживотно тело на маж и една повредена жена.

Сите влезови во Софија се блокирани со полициски автомобили. Софискиот градски обвинител Илијана Кирилова заедно со двајца нејзини заменици Христо Крастев и Ивајло Илиев се на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…

Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…

Бугарската влада во вторник се задолжи за…

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…