ДУИ: Пратениците да гласаат за европска иднина на нашата земја

t

Демократската унија за интеграција смета дека утрешната седница за уставните измени ќе биде одлучувачка за европската иднина на нашата земја.

Следствено на тоа, ДУИ апелира до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска задача за земјата да оди напред бидејќи уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на нашите евроинтегративни преговори.

На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили и дојде крајот откако, Демократската унија за интеграција како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги стави на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран.

Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува политичките партии и самите пратеници да ги остават настрана личните и партиските интереси, да не се обидуваат да ја блокираат туку, да ја приоритизираат европската иднина на граѓаните.

Република Северна Македонија има свое место во големото европско семејство.

Утре ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој за Европа, а кој за Русија, кој за перспектива, а кој за уназадување, се вели во партиското соопштение на владејачката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…