Болна работа: Син го претепал и запалил својот татко
На 17.08.2023, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Т.И.(20) од прилепско село затоа што физички го нападнал својот 51-годишен татко.
Според пријавеното, тие и на 11.08.2023 имале семејна расправија, по што Т.И. со запалива течност го полил и запалил татка си, по што веднаш потоа со ќебе го изгасил огнот.
51-годишниот маж се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп.
Т.И. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалниче, праќате празни пораки, насилството во Битола…
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…
Браќа-насилници со тврд предмет тепале девојка во…
22-годишна девојка од Скопје вчеравечер пријавила во…
Хорор во Македонија утрово: Син со секира…
Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници…
Насилник ја нападнал сопругата од која се…
Жена од скопската населба Кисела Вода вчера…
Жена од тетовско ја нападнала својата 70-годишна…
40-годишна жена од тетовското село Горно Палчиште…