Британците сметаат дека украинските напади со дронови врз Москва вршат притисок врз Путин
Британското Министерство за одбрана во својот последен разузнавачки извештај соопшти дека има зголемени извештаи за ракети SA-5 Гамон кои ја напаѓаат Русија и дека беспилотните летала редовно ја погодуваат Москва.
„Нападите врз Русија се од стратешко значење бидејќи Владимир Путин веројатно ја нападнал Украина верувајќи дека војната ќе има мал директен ефект врз „обичниот“ народ во Русија“, изјавија британските разузнавачи.
Зборувајќи за ракетите СА-5 Гамон, од британското Министерство велат дека се работи за оружје од советската ера, тешко 7,5 тони и долго 11 метри.
„Оружјето повеќе не и служи на Украина за воздушна одбрана, но сега очигледно се користи како балистичка ракета за напади врз Русија“, објавија британските разузнавачи.
„Притисокот веројатно ќе падне особено врз началникот на Генералштабот на ВКС, генерал-полковник Виктор Афзалов. Главниот командант на ВКС, генерал Сергеј Суровикин, останува отсутен и е осомничен дека е приведен во врска со бунтот на Вагнер во јуни.Со зголемувањето на опсегот на закани во Русија во последните месеци, раководството на руските воздухопловни сили веројатно ќе биде под значителен притисок да ја подобри противвоздушната одбрана над западните делови на земјата“, додаде Министерството за одбрана на ОК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…