Ковачевски денеска во Атина: Ќе се сретне и со Фон дер Лајен

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, на 21 август во Атина ќе учествува на неформална вечера на лидери од Западен Балкан и лидери од ЕУ земји-членки од регионот, чиј домаќин ќе биде грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Неформалната вечера се одржува по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун”.

Премиерот Ковачевски во Атина е придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Неформалната вечера ќе биде можност лидерите да разговараат за проширувањето и европската иднина на регионот на 20-годишнината од „Декларацијата од Солун” од Самитот ЕУ-Западен Балкан, со која најконкретно беа отворени перспективите за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

На неформалната вечера ќе учествуваат претседателите на Европскиот Совет Шарл Мишел и на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лејен, лидерите на земјите од Западен Балкан – српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерката на Босна и Херцеговина Борјана Кришто и косовскиот премиер Албин Курти, како и премиерите од земји членки на ЕУ од регионот и пријатели на проширувањето – на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Романија Јон-Марсел Чолаку и на Бугарија Николај Денков.

Пред неформалната вечера, премиерот Ковачевски ќе оствари средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лејен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…