Објавено на:

Драма во Будва: Фрлен солзавец во дискотека каде бил и црногорскиот премиер Абазовиќ

t

Рано утринава дошло до инцидент во дискотека во Будва, во моментот кога таму бил премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ. Иако некои медиуми наведуваат дека непознато лице го нападнало Абазовиќ, полицијата тоа го демантирала.

Според нив, во моментот кога Абазовиќ ја напуштал дискотеката „Топ Хил“ синоќа во 2 часот и 30 минути, дошло до физички конфликт меѓу две групи млади момчиња, но тоа немало никаква врска со премиерот и неговото обезбедување, ниту пак во секој момент е во опасност, велат од полицијата.

Како што изјавија за РТЦГ, не е точно дека премиерот бил евакуиран и во моментот на инцидентот тој веќе излегувал од дискотеката.

„Инцидентот нема никаква врска со премиерот, ниту е загрозена неговата безбедност на кој било начин“, соопшти полицијата.

„Солзавец беше употребен за да се потисне конфликт меѓу две групи млади мажи, но тоа нема никаква врска со премиерот, неговите движења или неговите обезбедувачи“, велат тие.

Инаку, синоќа во дискотеката „Топ Хил“ се одржа концерт на познатиот пејач Дино Мерлин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абазовиќ со порака до Србија и Косово:…

Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот…

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и…

Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…

Абазовиќ ја прифати поканата на Зеленски да…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја прифати поканата…

Абазовиќ најави посета на Србија на 29…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…