Министерска пресметка: Османи и Вучевиќ на Фејсбук “се скараа” за независноста на Косово

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вечерва реагираше на изјавата на министерот за одбрана на Србија и претседател на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ дека Црна Гора и Македонија ја навредија Србија со признавањето на независноста на Косово.

-Направивте грешка и ќе ви се удри од глава, како што во Украина им се удира во глава на сите кои го промовираа Косово и Метохија како независна држава. Ја отворивте Пандорината кутија. Смешни се вашите бирократски одговори дека Косово е sui generis, дека е посебен случај. Ниту Албин Курти, ниту Тирана не ви веруваат во тоа, изјави Вучевиќ.

По оваа изјава на српскиот министер за надворешни работи, со реакција се јави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи. Тој на својот Фејсбук профил порача дека Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството.

-Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Р. Србија и Р. Косово. Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија, напиша Османи на Фејсбук.

Откако македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи најави дека очекува појаснување како признавањето на Косово ќе и се удри од глава на Македонија,  српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ му одговори дека поддршката на Србија за територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН е безусловна.

-Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет. Неодамнешните настани ги потврдија нашите предупредувања дека Унилатералната декларација на независност на Косово (sui generis) не е уникатен случаји дека ќе им се врати порано или подоцна. Никој во Србија не ликува за тоа, само ги посочуваме фактите, напиша Вучевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…