Зеленски ѝ се заблагодари на Бугарија за воената поддршка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на бугарскиот премиер Николај Денков за политичката и воената поддршка на Бугарија за Украина.
Денков и Зеленски се сретнаа во Грција, на неформалната вечера што премиерот Киријакос Мицотакис ја организираше за лидерите на земјите од Западен Балкан и балканските земји од Европската унија.
„Плодна дискусија со премиерот Николај Денков вчера на Самитот Украина-Балкан. Разговаравме за нашата понатамошна соработка, безбедноста во Црното Море и обезбедување на алтернативни коридори за жито“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…