Објавено на:

Хорор во Франција – почина 10 годишно момче во престрелка на дилери со дрога

t

Десетгодишно момче е убиено синоќа во престрелка што се случила во опасната населба Писвин, во градот Ним на југот на Франција, соопшти француската полиција.

Престрелката се случила синоќа околу 23.15 часот, по што била повикана полиција која на местото на судирот пронашла десетина чаури, јавува БФМТВ.

Малку подоцна, 27-годишен маж со својот автомобил дошол ранет во болницата во Ним со двајцата братучеди, од кои помладиот, 10-годишно момче, подлегнал на раната од куршумот.

Мажот, кој со автомобил се упатил кон болница ранет со три куршуми, не бил во животна опасност.

Во разговорот со полицијата мажот рекол дека возилото го паркирал пред зградата во која живее, пред која се продава дрога.

Потоа наведува дека се испаничил и го стартувал автомобилот за да го напушти местото на тепачката, но дури кога пристигнал во болница сфатил дека неговиот внук е мртов.

Според него, стрелецот избегал со друг автомобил со уште три лица, а полицијата подоцна потврдила дека нивниот автомобил бил откриен во соседната населба Валдегир.

Синоќешната трагедија е втора што се случи во понеделникот во Ним, каде што 15-годишно момче беше рането од истрел претходно истиот ден.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин, го осуди ова злосторство, кое го окарактеризира како пресметка меѓу конфликтните дилери на дрога.

„Оваа огромна трагедија нема да остане неказнета. Полицијата веќе уапси многу дилери во последните недели и решително ќе продолжи да го засилува своето присуство“, рече Дерманин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…

Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…