Објавено на:

Украина ќе ги добие холандските авиони Ф-16 дури на крајот на 2024 година

t

Холандските авиони Ф-16 веројатно нема да ѝ бидат испорачани на Украина пред крајот на 2024 година, бидејќи е неопходно холандското воздухопловство целосно да премине кон употреба на нови авиони Ф-35, соопшти портпаролот на холандското Министерство за одбрана.

Минатата недела холандскиот премиер Марк Руте и украинскиот претседател Володимир Зеленски соопштија дека Холандија, заедно со Данска, ќе обезбеди Ф-16 за воените напори на Украина во конфликтот со Русија, а самиот Зеленски истакна дека станува збор за 42 борбени авиони, пишува денеска Холандски Тајмс

На веб-страницата се наведува дека холандските сили располагаат со 42 авиони Ф-16, но ниту еден од нив не е веднаш достапен, а некои од нив се уште се во употреба.

Портпаролот рече дека „се уште е изводливо да се испорачаат овие авиони во текот на 2024 година“, но дека тоа ќе биде можно само кога холандската воена авијација целосно ќе премине на авиони Ф-35.

Привремената министерка за одбрана Кајса Олангрен претходно изјави дека испораката на авиони Ф-16 во Украина не смее да има никакви последици за оперативниот капацитет на Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…