Фракцијата во ВМРО се оградува од изјавите на Мицкоски, се однесува како Милошевиќ
Внатрепартиската фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ, јавно се оградува од изјавата на таканаречениот лидер и пред се моментален претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, искажана вчера во Кичево, во рамките на прославата на 33 годишнината од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во овој македонски град. Изјавата дека „Европа и светот прават стратегија како да го скршат ВМРО-ДПМНЕ“ ја сметаме за исклучително штетна, како за Македонија, така и за ВМРО-ДПМНЕ, која своето постоење, почнувајќи од историското ВМРО се до денес го темели на тесните врски со сиот прозападен и прогресивен демократски свет.
На ВМРО-ДПМНЕ, во овој момент, најмалку му се потребни милошевиќевските трактати од типот „Сите се против нас“, туку брза партиско-дипломатска акција, за ублажување на штетите што Христијан Мицкоски и малубројната послушничка камарила околу него и ги нанесуваат на партијата.
Го повикуваме Христијан Мицкоски, веднаш да престане со ваквиот вокабулар и да се сврти кон реализација на прокламираните вредности на партијата, уште од нејзиното основање, како што е интеграцијата во ЕУ.
Оддел за комуникација со медиумите и јавноста
Внатрепартиска фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…