Со зголемен интензитет гори пожарот во Чешиново-Облешево
И покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера (25 август), доцна попладне, започна на територијата на Општина Чешиново – Облешево продолжи да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума.
За да се спречи влегување на пожарот во шума но и да се спречи загрозување на околните села, покрај пожарникарите од ТППЕ Кочани и Пробиштип еден Ер трактор на ДЗС полета кон пожарот а два полициски хеликоптери се подготвуваат за полетување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…