Објавено на:

(Видео) Голем пожар во затвор во Тексас, евакуирани 650 затвореници

t

Голем пожар утринава избувна во затвор во американската држава Тексас, поради што се евакуирани повеќе од 650 затвореници.

Затворските власти наведуваат дека во огнената стихија нема повредени.

-Затворениците се преместени во други делови од затворот во Хантсвил, на околу 105 километри северно од Хјустон – изјави Аманда Хернандез портпаролка на Одделот за извршување кривични санкции во Тексас.

Соопштено е дека пожарот ги зафатил поткровјето и третиот кат од управната зграда и поткровјето на одделението во кое се сместени затворениците.

-Пожарот беше локализиран во текот на утрото, но пожарникарите сè уште гаснат мали жаришта во некои простории – изјави шефот на противпожарната служба на Хантсвил.

-Причината за пожарот ќе биде истражена откако тој ќе биде целосно изгаснат –  рече Хернандез.

Затворот Хантсвил е изграден во 1849 година и има капацитет за 1.700 затвореници, додека во моментов казната ја отслужуваат околу 1.600 лица.

Во затворот се извршуваат и смртни казни на осудени затвореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор

Од затворот Штип вчера било пријавено дека…

(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово

Нема вода, а тоалетот кој го користат…

Полицајци привеле осуденик, па немало место во…

Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…

(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…

Возило на командир во битолскиот затвор било…

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…