Американскиот претседателски кандидат е против испраќање на муниција со осиромашен ураниум во Украина
Вашингтон придонесува за уништување на Украина со испраќање проектили со осиромашен ураниум до вооружените сили на Украина, изјави американскиот претседателски кандидат Роберт Кенеди Јуниор.
„Непотребно е да се зборува за тоа дека како претседател сакам да ставам крај на оваа бесмислена и нехумана политика“, напиша Кенеди Јуниор на социјалната мрежа Х, коментирајќи го текстот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во Комсомолскаја Правда.
Во тој текст Захарова изјавила дека муницијата со осиромашен ураниум ја претвора Украина во „земја непогодна за живот“, а последиците можат да донесат штета и на соседните земји.
Претходно „Волстрит журнал“, повикувајќи се на изјави на американски официјални лица, објави дека Белата куќа има намера да одобри испорака на ракети со осиромашен ураниум за тенковите Абрамс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…