Ковачевски на средба со македонската дијаспора во Словенија

t

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Република Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Македонија во градот Копер.

На средбата беше истакната заложбата на Владата да негува врски со иселениците во Словенија со што придонесува за взаемно одржување на традицијата и културата што е заедничко за сите без разлика каде живеат. Соговорниците разменија мислења за важноста од воспоставување на добри бизнис практики како и развојни проекти меѓу Словенија и Македонија.

Ковачевски посочи дека нашата дијаспора во Словенија преку своите бројни успеси остварени на различни полиња има голем придонес во афирмација на Република Македонија во Република Словенија.

На средбата се разговараше и за повеќе актуелни прашања, кои ги засегаат иселениците, а за кои Владата има разбирање, излегува во пресрет и овозможува поедноставна комуникација со родната земја на различни нивоа.

Ковачевски во разговор со иселениците врзан за предизвиците за Македонија во претстојниот период ја потенцираше важноста за што побрза евроинтеграција на нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Лани 2.805 Македонци добиле германско државјанство

Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство…

(Видео) Пратеник на СДС се качи на…

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј…

Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп

Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на…

Македонците во Гора го слават Ѓурѓовден

Македонците во областа Гора, северо-источна Албанија, почнаа…