Ковачевски на средба со македонската дијаспора во Словенија

t

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Република Словенија по повод учеството на Бледскиот стратешки форум, оствари средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Македонија во градот Копер.

На средбата беше истакната заложбата на Владата да негува врски со иселениците во Словенија со што придонесува за взаемно одржување на традицијата и културата што е заедничко за сите без разлика каде живеат. Соговорниците разменија мислења за важноста од воспоставување на добри бизнис практики како и развојни проекти меѓу Словенија и Македонија.

Ковачевски посочи дека нашата дијаспора во Словенија преку своите бројни успеси остварени на различни полиња има голем придонес во афирмација на Република Македонија во Република Словенија.

На средбата се разговараше и за повеќе актуелни прашања, кои ги засегаат иселениците, а за кои Владата има разбирање, излегува во пресрет и овозможува поедноставна комуникација со родната земја на различни нивоа.

Ковачевски во разговор со иселениците врзан за предизвиците за Македонија во претстојниот период ја потенцираше важноста за што побрза евроинтеграција на нашата држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските фудбалери отпатуваа за Љубљана на дуелот…

Фудбалската репрезентација на Mакедонија немаше многу време…

Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…

Трагедија се случила во близина на водопадот…

Мисајловски во посета на Словенија: Средба со…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денес…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

Словенечкиот премиер најави пренасочување на 50 илјади…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша најави дека сака…