БГНЕС: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија
Српската државна телевизија РТС отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС.
Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“, според БГНЕС, се сугерира дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците”.
„Пред 5 години РМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот.
Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС.
„Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со пропагандата на Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ, коментира БГНЕС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…