При претрес во Кавадарци пронајдени дрога и оружје, приведени три лица

t

На наплатна станица „Сопот“ во Велес вчера во 16:45 часот од полициски службеници од СВР Велес се лишени од слобода Б.С.(27), Н.Д.(22) и М.М.(25) сите од Кавадарци.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во извршен преглед врз нив и возило „голф 4“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое се превезувале, како и по извршен претрес во нивните домови  во Кавадарци, биле пронајдени и одземени солзавец, бела грутчеста материја, марихуана, пиштол „застава“, рамка со еден куршум калибар 6.35 мм, осум куршуми, два ловни патрони, пневматска пушка, пневматски пиштол калибар 4.5 мм, два ножа, солзавец.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

САД потврдија дека имаат оружје во вселената

САД потврдија дека распоредиле вселенско оружје во…

Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…

Бугарија денес ја доби првата исплата од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Од утре нема плаќање во готовина во…

Од утре патниците во градскиот и приградскиот…